1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Има ли живот на Марс?

ЖА /ДВ
19 февруари 2021

Роверот на Американската вселенска агенција Наса синоќа успешно слета на површината на Марс и набрзо потоа јa испрати оваа фотографија.

Marslandung NASA Perseverance Rover
Фотографија: NASA/AP Photo/picture alliance

Роверот „Истрајност“ беше лансиран на 30 јули 2020 година од Флорида со задача да истражи и собере докази за постоење живот на оваа планета. Роверот слета во кратерот „Езеро“, наречен по место во Босна и Херцеговина, базенот на кратерот е широк 45 километри и се наоѓа во северната хемисфера на Црвената планета. Слетувањето на роверот беше најризичниот дел од операцијата, со оглед што влезе во атмосферата на Марс со брзина од дури 19.500 километри на час, што требаше да се намали со падобран и ракетна платформа. Ако некогаш постоел живот на Марс, тоа се случило пред три до четири милијарди години кога сè уште имало вода на таа планета, сметаат научниците. Оваа мисија на Марс ја чинеше НАСА скоро три милијарди долари.

НАСА: Сензационално вселенско откритие

01:09

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми