1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Италија им ги скрши срцата на Англичаните на „Вембли“

ЖА
12 јули 2021

Со драматична серија пенали, фудбалската селекција на Италија ја совлада репрезентацијата на Англија со 3:2, откако финалето на ЕУРО2020 пред 60.000 гледачи на „Вембли“ по 120 минути игра заврши со резултат 1:1.

EURO2020 I Italien - England
Фотографија: Christian Charisius/dpa/picture alliance

Англија дојде во водство со најбрзиот гол во историјата на европските финалиња, кој по само 117 секунди го постигна Лук Шо.

Италија го израмни резултатот во 67 минута преку Леонардо Бонучи.

Во пенал серијата за Италија прецизни беа Бернарди, Бонучи и Бернардески додека кај Англичаните ударите од 11 метри ги реализираа Кејн и Мегваер.

Ова е втора европска шампионска титула за Италија по 1968 година, а сонот на Англичаните дека по 55 години ќе забележат успех, се распрсна.

Во повеќе градови во Италија, од Милано до Палермо, ноќеска навивачите славеа по улиците. Рим ја прослави победата на италијанските фудбалски репрезентативци со огномет како на Нова година, во повеќе квартови се одвиваа автомобилски корза, фановите испалуваа петарди. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми