1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Карневалскиот оптимизам контра коронавирусот

СН/агенции
26 февруари 2020

Карневалистите од памтивек ја користат сатирата меѓу другото и за соочување и за„ублажување“ на големите проблеми и стравови што ги мачат заедницата, општеството, државата, светот.

Deutschland Düsseldorf Rosenmontagszug | Coronavirus Motivwagen
Фотографија: Reuters/T. Schmuelgen

Така на годинешниот карневал во Рајнската област во Германија „на удар“ на карневалската сатира е новиот коронавирус, кој се чини незапирливо се шири ширум светот, сеејќи неизвесност и страв.  На оваа #ФотографијаНаДенот карневалистите во Диселдорф на коронавирусот му го спротиставуваат „карневалскиот вирус“. Но, „петото годишно време“ на безгрижност и славје завршува денеска со т.н „Среда Пепелница“, и за жал настапува „освестувачкото“ секојдневие, кое нема обзири кон оптимизмот на карнавалистите. Имено, се чини оти и во Германија полека се шири новата белодробна болест Ковид-19 предизвикана од коронавирусот. Синоќа беа потврдени два нови случаи на заразени, еден 25- годишен маж во покраината Баден Виртемберг, а еден 47 годишен маж во  „карневалската“ покраина Северна Рајна Вествалија, кој се наоѓа во животна опасност. Како што соопштија здравствените власти во двете покраини постојат и неколку други сомнителни случаи. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми