Најмалку една инфекција со коронавирусoт е пријавена од базниот камп во подножјето на највисокиот планински врв во светот. И покрај пандемијата, бројот на кандидати за искачување на Еверест се ближи до рекордот од 2019.
Реклама
Сега пандемијата на короната стигна и до највисокиот планински врв на Земјата. Најмалку еден случај на Ковид-19 е пријавен од базниот камп на непалската јужна страна на Монт Еверест. Американското списание Оутсајд , повикувајќи се на локален извор, објави дека еден алпинист кој со хеликиптер бил пренесен од базниот камп во болница во Катманду бил позитивен на вирусот. Неговиот тим сега е во карантин во базниот. Во други извештаи се говори дури за тројца заразени алпинисти.
Близу до рекордот од 2019
Министерството за туризам на Непал сè уште не ги коментирало извештаите. Наместо тоа, властите објавија дека до средата (21 април) издале 377 дозволи за искачување на Монт Еверест. Тоа е само четири дозволи помалку отколку во рекордната 2019 година, кога метежот на Еверест се најде на насловните страници низ целиот свет.
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Коронавирусот ја доведе глобалната индустрија за патувања во ќорсокак. И покрај ограничувањата, некои патници повторно ги пакуваат куферите и се упатуваат кон региони кои ветуваат безбедност и одмор од Ковид.
Фотографија: Nikolai Okhitin/Zoonar/picture alliance
Исланд
Островот во Северен Атлантик со своите водопади, вулкани и глечери е подготвен за туристите. Љубителите на природата и авантуристите можат да патуваат таму во согласност со прописите за коронавирусот. Исланд е една од ретките земји во Европа која дозволува влез за вакцинирани лица и лица кои се опоравиле од од Ковид-19, без потреба од тестирање и карантин.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Trumpf
Ла Палма, Шпанија
Канарскиот остров Ла Палма е речиси без заболени со коронавирусот. Туристите кои патуваат од Германија теоретски можат да влезат со негативен ПЦР тест, но во моментов нема многу летови за Ла Палма, бидејќи е дел од Шпанија, која е земја со висок ризик. Хотелиерите и агентите за изнајмување недвижности се надеваат дека состојбата ќе се подобри од март.
Ограничувањата за патување во Занзибар беа укинати уште во јуни 2020 година. Патниците од повеќето земји можат да влезат без ПЦР-тест, формулар за влез или карантин. На островот, кој ѝ припаѓа на Танзанија, нема ограничувања, рестораните се отворени, а се одржуваат забави и концерти. На крајот на март, Луфтханза за првпат планира да понуди директни летови до островот на задоволствата.
Фотографија: picture alliance / blickwinkel/M
Руанда
Туристите ја посетуваат Руанда за да видат планински горили. При влегување мора да се покаже негативен ПЦР-тест и да се направи дополнителен тест локално. По седум дена во карантин на туристите им е дозволено да одат на сафари и да ги видат горилите под строги хигиенски услови. Мерките на претпазливост се покажаа ефикасни. Германија никогаш ја нема ставено Руанда на листата на ризични области.
Фотографија: Felipe Dana/AP Photo/picture alliance
Сејшели
Архипелагот крај источниот брег на Африка мами со белите песочни плажи, тиркизно синото море и со бујните палми. Од јануари, секој може да влезе во земјата ако има сертификат за вакцинација против Ковид-19 и со негативен ПЦР- тест направен во рок од 72 часа. Нема потреба од карантин. Одморот може да започне веднаш. Сепак, бидејќи Сејшели се ризична област, повратниците мора да одат во карантин.
Островската земја во Индискиот Океан бележи зголемување на стапката на инфекции од декември и се смета за ризична област. Според правилата од јули 2020, туристите можат да влезат со негативен тест, но нивниот престој останува ограничен на однапред резервирано одморалиште. Со оглед на луксузните објекти во хотелските комплекси, туристите се прилично подготвени да ги прифатат овие ограничувања.
Фотографија: Sergi Reboredo/picture alliance
Тајланд
Ниските стапки на инфекција значат дека патувањето во Тајланд не е забрането тукусамо не се препорачува. По пристигнувањето и на сопствен трошок, патниците мора да поминат строг карантин во траење од 14 дена во објект за изолација (обично хотел) кој е одобрен од владата и да направат неколку тестови за Ковид-19. Само тогаш тие можат слободно да се движат во земјата.
Работа на вашиот лаптоп пред да скокнете во базен, или обратно? Ако не можете да престанете да работите, можете да „работите од дома“ во далечните земји. Туристичките агенции во неколку земји, како на холандскиот карипски остров Аруба (на сликата) ја препознаа можноста и нудат опции за работа и одмор за туристите. И тука, се разбира, мора да се внимава на актуелните корона-рестрикции.
Дубаи до декември, се сметаше за место без Ковид-19, но од 24 јануар се смета за област со висок ризик. Емиратот донесе влијателни инфлуенсери и познати личности во земјата, а туристите ги следеа, откако сликите на безгрижни забави крај базен го обиколија целиот свет. Сега баровите и пабовите се затворени, ограничувањата се применуваат во трговските центри и во рестораните.
Фотографија: Udo Bernhart/dpa/picture alliance
Туристички крстосувања
Индустријата за туристичко крстосување ги врбува муштериите со тоа што нуди најголема можна безбедност. Ова значи пониски стапки на посетеност на пловните објекти, физичка дистанца на бродот, задолжително носење маски, дневни проверки на температурата, контролирани екскурзии на брегот... Но, оваа релаксација доаѓа со ограничувања, бидејќи коронавирусот исто така знае како да патува.
Фотографија: Jens Büttner/picture-alliance/dpa
10 фотографии1 | 10
Од избувнувањето на пандемијата на короната, во Непал се регистрирани околу 285.000 инфекции, а повеќе од 3.000 луѓе починаа од КОВИД-19. Сепак, бројот на непријавени случаи веројатно е далеку поголем, со оглед на ниските капацитети за тестирање во државата на Хималаите. Во средината на март, владата во Катманду ги ублажи ограничувањата за влез во земјата. Оттогаш, туристите треба да покажат само потврда за вакцинација или негативен ПЦР-тест, кој не е постар од три дена. Ако вториот тест на аеродромот во главниот град на Непал се покаже негативен, туристите можат слободно да се движат низ земјата.