Здравје
Фотографија на денот: Короната го диктира животот
8 октомври 2020
Реклама
#ФотографијаНаДенот доаѓа од Франкфурт, каде пред Градското собрание денеска требаше да биде отворен есенски панаѓур. Но, поради зголемениот број инфицирани лица, отворањето е одложено. Во Франкфурт од утре во шопинг-зоните би требало да почне да важи обврската за носење маска и на отворено. Освен тоа, рестораните ќе смеат да работат само до 22 часот, а на плоштадите, улиците и зелените површини ќе важи забрана за алкохол.
Бројот на новоинфицирани во Германија вчера скокна за повеќе од 4000 лица во период од 24 часа и со тоа достигна највисоко ниво од април досега. Од почетокот на корона-кризата во Германија со коронавирус се заразиле најмалку 310.144 лица, соопшти институтот „Роберт Кох“.