1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кралицата сака мир со Меган и Хари

ЖА
10 март 2021

По бризантното интервју и обвинувањата од принцот Хари и неговата сопруга Меган, британската кралица Елизабета Втора со соопштение: „Покренатите прашања, посебно оние за расизам, се загрижувачки“.

UK Monarchie l Prinz Harry und Herzogin Meghan
Фотографија: picture-alliance/AP/M. Dunham

Во соопштението кое го објави Бакингамската палата синоќа, се вели дека изјавите на Хари и Меган се земаат мошне сериозно и ќе бидат разговарани во фамилијата, во четири очи. Кралицата е многу тажна по сознанието во колкави размери изминатите години биле предизвикувачки за Хари и Меган, таа порача – тие секогаш ќе бидат сакан дел од фамилијата.

Ова е прва реакција на Кралската палата по жестоките обвинувања од принцот Хари и неговата сопруга Меган изнесени во ТВ интервју со модераторката Опра Винфри во неделата. Меган тврдеше дека за време на нејзината бременост постоеле шпекулации во фамилијата колку темна ќе биде кожата на нејзиното дете, без да прецизира чија била изјавата. Перманентните негативни извештаи на медиумите кај Меган предизвикале самоубиствени мисли, а високорангирани претставници на палатата ѝ ускратиле психолошка помош поради грижа за имиџот на монархијата. 

Хари и Меган пред една годинаѝ свртија грб на Кралската куќаи живеат во Калифорнија.

Меган со Чарлс до олтарот

01:07

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми