Британската кралица Елизабета Втора приреди прием за лидерите на Г7 , кои учествуваат на тридневниот самит кој се одржува во местото Карбис Беј во Корнвол, на југозападот на Англија.
Реклама
На приемот одржан во туристичката атракција „Проџект Идн“ во Корнвол, кој беше затворен за поголемиот дел од медиумите, присуствува три генераци од кралското семејство, кралицата Елизабета, принцот Чарлс со сопругата Камила, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.
Бајден е 13-ти американски претседател со кого се сретна кралицата Елизабета за време на своето 69 годишно владеење, а приемот за светските лидери е прво поголемо јавно случување на кое присуствуваше по смртта на нејзиниот сопруг принцот Филип, во април.
Куриозните имиња на кралицата Елизабета Втора
Официјалната титула на кралицата Елизабета Втора гласи: „Нејзиното Височество Кралицата“. Но, таа од своето семејство е нарекувана со неколку имиња кои воопшто не се кралски.
Фотографија: picture-alliance/Zumapress
Лилибет
Англискиот изговор на „Елизабет“ се чини не е проблем само за јазикот на Германците. И кралицата додека била дете имала проблем да си го изговори името, па велела дека се вика „Лилибет“. Елизабета Втора така била нарекувана од нејзините најблиски сѐ додека не станала млада дама. На таквото нарекување дефинитивно му бил ставен крај кога седнала на тронот во 1952 година.
Фотографија: picture-alliance/Zumapress
Ширли Темпл
Чичкото на Елизабета, Едвард, идната кралица радо ја нарекувал „Ширли Темпл“. Наводно поради тоа што со своето тркалезно лице и кадравата коса многу личела на американската дете-ѕвезда.
Кога принцот Вилијам бил мало дете, како на фотографијава при крштевката на својот брат Хари, имал проблем со зборот „Грени“ (англиски збор за баба). Наместо тоа, тој својата баба едноставно ја викал „Гери“. Машко име, па уште и толку обично? Тоа Елизабета сигурно му го дозволувала само на својот внук.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Ган-Ган
И за синот на принцот Вилијам - Џорџ, „Грени“ очигледно бил многу компликуван збор. Тој на две и пол годишна возраст својата прабаба имал обичај да ја вика „Ган-Ган“. Така барем тврди војвотката Кејт во една документарна емисија за кралското семејство. Малиот принц во јули ќе наполни 5 години, па веројатно веќе не го употребува тоа име.
Фотографија: Reuters/S. Wermuth
Кебиџ
Принцот Филип и кралицата Елизабета се во брак подолго од 70 години. Некако цело време беше јасно дека тој не ја нарекува „кралица“ или „Ваше Височество“. Но дури минатата година се дозна кое е неговото име за кралицата. Принцот својата сакана ја нарекува „Кебиџ“ (главица зелка). Зошто? Околу тоа може само да се шпекулира.
Фотографија: Getty Images/C. Jackson
5 фотографии1 | 5
На вчерашниот прием во фокусот на разговорите, според упатените, биле здравствените прашања, со оглед на пандемијата на коронавирусот, што впрочем е и централна тема на самитот во Карбис Беј.
Лидерите на САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и на земјата домаќин Велика Британија денеска ќе објават „Декларација од Карбис Беј“, која за цел поставува надминување на последиците од пандемијата преку сеопгатна обнова и спречување на идни пандемии. за тоа ќе бидат потребни повеќе истражувања, поголема заштита на животната средина и подобра здравствена заштита на луѓето.
Земјите од Г7, кои досега искористи три четвртини од сите достапни вакцини против Ковид-19, ветија дека ќе го променат овој пристап, што Обединетите нации често го критикуваа. Државите од Г7 и ЕУ сакаат да донираат најмалку една милијарда дози на вакцини за посиромашните држави до крајот на следната година.
Светските лидери ги засукаа ракавите - која вакцина ја одбраа
Германската канцеларка Ангела Меркел се приклучи на растечката листа на светски лидери кои се вакцинираа против Ковид-19, таа прими АстраЗенека. Преглед на дел од државниците кои веќе се вакцинираа.
Фотографија: Frank Augstein/AP Photo/picture alliance
Џо Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден во јануари ја прими втората доза вакцина од Бионтек/Фајзер. До средината на април, според податоците на Американските центри за контрола и превенција од заразни болести, во САД најмалку 120 милиони граѓани примиле прва доза вакцина, а преку 70 милиони се целосно имунизирани.
Фотографија: Tom Brenner/REUTERS
Бенјамин Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така прими вакцина од Бионтек/Фајзер. Израел има на располагање милиони вакцини преку договор со Фајзер, кој предвидува давање медицински податоци на фармацевтскиот концерн за возврат. До средината на април, 53% од 9 милиони жители на Израел се имунизирани со вакцината на Бионтек/Фајзер. Израел главно ги укина рестрикциите воведени поради пандемијата.
Фотографија: Amir Cohen/REUTERS
Нарендра Моди
Индискиот премиер Нарендра Моди на 1 март бил имунизиран со вакцината Коваксин, произведена во Индија. Во земјата први на ред за вакцинација се вработените во здравството, на првата линија во борба против Ковид-19 и хронично болните. Индија во моментов е втора во светот според бројот на случаи на заболени од Ковид-19, по најновиот пораст на нови инфекции.
Британскиот премиер Борис Џонсон ја прими првата доза од вакцината на АстраЗенека во март. Таа е развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд и во моментов е во фокусот поради низа контроверзи. Неколку земји ја прекинаа нејзината употреба поради случаи на згрутчување на крвта кај вакцинирани со оваа вакцина.
Фотографија: Frank Augstein/AP Photo/picture alliance
Жан Кастекс
Францускиот премиер Жан Кастекс беше вакциниран со АстраЗенека во истиот ден со британскиот колега Борис Џонсон. Тој тоа го направи пред телевизиските камери, со цел да ја врати довербата во оваа вакцина кај граѓаните.
Фотографија: Thomas Coex/AP Photo/picture alliance
Скот Морисон
На австралискиот премиер Скот Морисон му беше инјектирана вакцината на Бионтек/Фајзер. Тој тврдеше овој месец дека Австралија во вакцинацијата ги надминала Германија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија. Но, сепак тој се откажа од својата цел – сите Австралијци да бидат целосно имунизирани до крајот на оваа година.
Фотографија: Mark Evans/Getty Images
Реџеп Таип Ердоган
Турскиот премиер Ердоган пред камерите се вакцинираше со кинеската вакцина Синовак во јануари. Целта на јавното вакцинирање беше да ги мотивира граѓаните да се имунизираат. Во Турција досега се дадени околу 19 милиони дози вакцини, главно Синовак, додека вакцинирањето со Бионтек/Фајзер почна на 2 април.
Фотографија: Murat Cetinmuhurdar/Presidential Press Office/REUTERS
Јок Видодо
Индонезискиот претседател Јоко Видодо ја прими вакцината Синовак. Втората доза му беше дадена на 27 јануари, настанот беше пренесуван во живо на телевизијата. Владата планира со вакцинација на 181 милион жители да заврши во следната година.