1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Краткотрајно задоволство

СН/агенции
26 ноември 2021

Нов рекорд на новозаразени со коронавирусот во Германија. Состојбата е драматична во сите покраини а тоа со себе повлекува нови ограничувања. По само два дена, имено, божиќниот панаѓур во Ерфурт беше повторно затворен.

BdTD Deutschland | Erfurter Weihnachtsmarkt wird geschlossen
Фотографија: Michael Kremer/Future Image/imago images

Панорамското тркало, украсените тезги и свежо печените бадеми се минато во Ерфурт: По само два дена, божиќниот панаѓур во главниот град на германската сојузна покраина Тирингија беше затворен поради новата покраинска уредба, која стапи во сила поради високиот број ковид-случаи. Новите корона-инфекции во Тирингија се меѓу највисоките во Германија. Седумдневната инциденца на 100.000 жители е над 770. 

Во меѓувреме, серијата на рекордни ковид-случаи во Германија не престанува: Институтот Роберт Кох (РКИ) утрината пријави 76.414 во изминатите 24 часа. Седумдневната инциденца во цела Германија се искачи на 438,2 и е повисока од кога било досега.  За споредба: вчера РКИ пријави 75.961 нови инфекции во Германија, а во минатиот петок 52.970. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми