„Крваво“ езерце пред руската амбасада во Вилнус
7 април 2022Во знак на протест против рускиот напад врз Украина, активисти во Литванија обоија со црвена боја едно езерце во непосредна близина на руската амбасада во Вилнус. Во акцијата учествуваше и олимписката и светска шампионка Рута Меилутите, која го преплива езерцето.
Со акцијата се упатува повик за да се „дејствува за поддршка на украинскиот народ, кој е соочен со геноцид од страна на Русија“, напиша Меилутите на Твитер. „Крвавото езерце ја потенцира одговорноста на Русија за вршење воени злосторства врз Украинците“, пишува Меилутите.
Литванката, која освои злато на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а својата професионална кариера ја заврши во 2019 година, бара да не попушта поддршката за Украина.
Според наводи на полицијата, боењето на езерцето било направено со боја која добила дозвола од страна на еколошките власти во Литванија.