Крстови на Копакабана поради корона-политиката во Бразил
12 јуни 2020Реклама
Во акцијата на невладината организација Рио де Паз за секој крст е ископан и по еден празен гроб. „Ова беше најтешкиот протест во нашата историја“, напиша претседателот на организацијата Антонио Коста на Твитер. Во Бразил, според официјалните податоци, досега се починати 40.919 луѓе, а 802.828 се инфицирани со коронавирус. Претседателот Болсонаро го минимизира коронавирусот и отфрла преземање мерки за сузбивање на пандемијата. Затоа Врховниот суд го префрли овластувањето за преземање мерки во рацете на сојузните држави во Бразил и на општините.