Фотографија на денот: Куќа со бршлен
2 јули 2022![BdTD Deutschland | Haus mit Efeu in Dürmentingen](https://static.dw.com/image/62284139_800.webp)
Реклама
Многу сопственици на куќи сакаат бршлен на фасадата затоа што сметаат дека тој го прави објектот посебно убав. Бршленот истовремено им пружа и животен простор на инсектите и птициите, а на објектот му дава и дополнителна изолација.
Но, бршленот носи и проблеми. Ако се остави да расте „диво“, може да предизвика штети на куќата. Затоа мора редовно да се „има на око“. Освен тоа, бршленот се шири со тоа што со своите корени практично се лепи за фасадата, па неговото отстранување не оди лесно.