1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Лек за пожарите во кањонот на Матка

12 август 2021

Хеликоптерите на АРМ вчера го пронајдоа „лекот“ за гаснење на пожарите во околината на Скопје во кањонот на Матка. Вода се црпеше оттаму, но и од коритото на Вардар во Скопје.

Nordmazedonien | Waldbrände | Hubschrauber löschen Feuer
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Хеликоптерите на АРМ вчера беа во акција за гаснење на пожарите во околината на Скопје. Ова е моментот кога едно од леталата влезе во кањонот на Матка за да наполни вода која потоа беше истурена врз огнената стихија во близина на селото Раовиќ. 
Двата армиски хеликоптери постојано оперираат низ земјата, откако повеќе региони беа зафатени од големи пожари. Состојбата од вчера полека се нормализира, а големиот пожар во малешевскиот крај е ставен под контрола. 

На територија на земјата до синоќа имаше шест активни пожари, од кои три со поголем интензитет, три други беа локализирани, а еден е ставен под контрола. Активни беа пожарите над селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај близу Националниот парк „Јасен“, кај селата Дивље и Крушје во Општина Петровец, еден во Прилепско, два во Велешко и на градската депонија во Виница.

Како помош во справувањето со огнените стихии во земјата се вклучија и експерти за високоризични пожари од Франција, Црна Гора и САД.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми