1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Локдаун во Шангај на неограничено време

5 април 2022

Кинеската „нула Ковид“ стратегија тешко држи чекор со брзината на ширењето на Омикрон. Локдаунот во Шангај е продолжен на неограничено време.

China Coronavirus Ausbruch in Shanghai
Фотографија: Chen Si/AP Photo/picture alliance/dpa

Локдаун на неограничено време за 26-те милиони жители на Шангај. Укажувајќи на огромниот пораст на бројот на инфицирани, заменикот генерален секретар на градската управа на Шангај, Гу Хонгхуи, на прес-конференција зборуваше за „трка со времето“. Според него, прво би требало да се заврши со анализа на тестовите на граѓаните и транспортот на инфицираните во карантин, а потоа ќе се носи одлука за натамошниот правец на мерките за сузбивање на пандемијата. „Состојбата е многу акутна“, рече Гу. 

Кина се држи до „нула Ковид“ стратегија, која тешко држи чекор со сојот Омикрон, поради неговото брзо ширење. Инфицираните лица во Кина се сместуваат во болница или во објекти за карантин, како спортски сали или хотели.

Од почетокот на март во Шангај има повеќе од 70.000 инфицирани, а вчера првпат над 10.000 новозаразени во еден ден.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми