Досега ВМРО-ДПМНЕ имаше градоначалници во 56 општини во земјата.По вчерашното гласање се наѕира убедлива победа на СДСМ.
Реклама
Според резултатите на Државната изборнта комисија (ДИК) по преброени близу 97 насто од гласовите кандидатите на оваа партија водат во 50 општини. Во голем дел се од нив остварена е победа во првиот круг. ВМРО-ДПМНЕ води во 9 општини, додека Демократската унија за интеграција (ДУИ) во 12. Во останатите 9 општини во земјата во водството се други партии и коалиции. На шестите локални избори во Македонија на гласање излегле (#ФотографијаНаДенот) околу 58 проценти од граѓаните со право на глас.
Ќе има ли отчет за Скопје 2014?
Проектот, чија изградба започна во 2010 и требаше да чини 80 милиони евра, ги подели граѓаните и го смени „личниот“ опис на градот. Архитекти најавуваат ревизија, не само на естетските, туку и на финансиските аспекти
Фотографија: DW/F. Hofmann
Воинот на коњ
На 20 јуни 2011 година беше поставен споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија во Скопје. Споменикот беше изработен во Фиренца, а чинеше над 8 милиони евра. До денес, тој остана симбол за целиот проект, иако властите никогаш не смогнаа храброст ниту да го именуваат „воинот“.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Скопје 2010
Ова е последната фотографија од септември 2010 година пред поставувањето на постаментот за споменикот на „Воинот на коњ“. Преобразбата, која во годините кои следеа, му се случи на Скопје шокираше многумина и до денес остана тема за жестоки полемики и, неретко, критики. Голем беше интересот и во странските, пред сѐ западните, медиуми каде Скопје го доби епитетот „главен град на кичот“.
Фотографија: DW
Градежен „бум“
Во следните години беа изградени десетици згради во строгиот центар слични на оваа во која е сместен Археолошкиот музеј, некои, дури и во самото корито на реката Вардар. Заедничко за сите е стилот: комбинација од барок и неокласицизам. Критиките од експертската јавност дека таквиот стил е надминат и нема никаква естетска и историска вредност беа отфрлани.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Georgi Licovski
Споменична манија
Значајно место во проектот заземаа споменици на знајни и незнајни, честопати и контроверзни, личности од историјата. Вкупно се подигнати повеќе од 130 споменици и бисти, а за нивно сместување беа изградени и дополнителни мостови кои ги поврзуваат двата брега на Вардар во строгиот центар на градот.
Фотографија: DW/N. Velickovic
Автори и изведувачи
Воглавно, авторството на идејните решенија за целиот проект беше заслуга на неколку архитекти кои, речиси без исклучок, беа непознати за јавност. Како скулптор најчесто се јавуваше Валентина Стевановска, а идејни решенија доаѓаа од фирмите на Жарко Чаушевски и Ана Кедева-Петрова. Кај изведувачите, најмногу тендери добија Бетон, Гранит, Страбаг, Бетон-Штип и Бауер БГ. (Извор: БИРН/Призма)
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Цена
На почетокот беше најавено дека проектот ќе чини 80 милиони евра. Според истражувањето на новинарите на Призма, уште во јули 2015 година проектот надмина сума од 560 милиони евра. Денешните проценки се дека Скопје2014 веројатно веќе достигне 700 милиони евра.
Фотографија: DW/N. Velickovic
Идеологија на ентериерот и екстериерот
На почетокот, Груевски го најавуваше Скопје 2014 како проект чија цел е зацврстување на идентитетот на граѓаните. „Бомбите“ покажаа дека Груевски не само што бил идеен творец на целиот проект, туку и директно се мешал во речиси сите детали при неговата изработка: од „фонтани со обелиск“ како во Рим, преку столбови како во Вашингтон, сѐ до тапацирот и бојата на столчињата во двокатните автобуси.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Цел на „шарените“
Целиот проект стана омилена цел за „боење“ за време на протестите на Шарената револуција во 2016 година. Демонстрантите во него гледаа симбол на корупцијата, автократското однесување и непотребно трошење државни пари во една од најсиромашните земји во Европа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Licovski
Ревизија: дали или не?
Во центарот на Скопје сѐ уште се градат објекти кои беа предвидени или додавани како дел од проектот. Од Асоцијацијата на архитекти на РМ за ДВ најавуваат дека ќе бараат целосна ревизија на проектот. Според нејзиниот претседател Мартин Пановски, „Скопје 2014 е проект што не го осакати само центарот на Скопје, туку и цела Македонија“.