1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Мало знаменце, огромна помош

Арбнора Мемети | СН/агенции
10 август 2021

Пожарникарите од Словенија беа меѓу првите странски екипи кои пристигнаа на помош во С.Македонија. Заедно со колеги од Србија, Австрија, Бугарија, Романија тие со денови водат деноноќни битки со пожарите во земјата.

Waldbrände in Nordmazedonien
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Нивната борба со пожарите на македонските планини продолжува и денеска. Но, во еден краток момент за оддишка, овој словенечки пожарникар го подместува словенечкото знаменце на противпожарното возило, со кое наскоро ќе се упати кон некое жариште на огнената стихија. 

Противпожарниот тим од Словенија кој пристигна на помош во справувањето со пожарите во С.Македонија брои 45 лица, медицинска екипа, 11 противпожарни и транспортни возила и специјализирани екипи опремени со сите можни ресурси. 

Македонскиот државен врв, но и жителите на погодените подрачја во Малешевијата и други делови на земјата секојдневно изразуваат огромна благодарност за натчовечките напори во битката со пламените јазици како на домашните пожарникари, локалните волонтери и припадници на АРМ, така и на странските екипи од Словенија, Австрија, Србија, Бугарија, Романија.

Битката со пожарите во Малешевијата

01:28

This browser does not support the video element.

Повеќе:

-Менковски: Порано го спасувавме Солун, сега со странска помош ги гасиме пожарите

-Австриските доброволци земале одмор за да гасат пожари во Малешевијата

-Малешевци за австриската опрема: Доживеавме културен шок!

Во земјата според последните информации до синоќа беа активни осум шумски пожари, а останатите се делумно локализирани. 

Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи преку системот НИКС, кој ги дигитализира сите податоци од терен, од вчера раководи со справувањето со
шумските пожари.
 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми