1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мало разладување од рекордните горештини

СН/агенции
28 јуни 2021

Нови рекордно високи температури се забележани во Канада и во северозападниот дел на САД во долгиот топлотен бран кој го зафати овој дел од светот. Спас од опасните горештини се бара на секој начин.

BdTD - Wetter Hitze Kanada
Фотографија: JENNIFER GAUTHIER/REUTERS

Во мстото Литон, околу сто километри северо-источно од канадскиот град Ванкувер, вчера беа измерени измерени 46,1 Целзиусов степен. Тоа е повеќе од еден степен потопло од претходната максимална температура. Повеќе градови на северозападот на САД и во Канада исто така пријавија историски максимални температури, вклучувајќи ги Сиетл, Портланд и Јуџин. 

Ваквите високи температури се сметаат за потенцијално опасни за регионот каде многумина живеат без климатизација, бидејќи ретко им е потребна.

Властите затоа се обидуваат на различни начини да им помогнат на граѓаните да се справат со рекордните горештини. Во погодените градови во САД отворени се  центри за разладување, односно затворени простории со климатизација, додека пак во Канада, како на оваа #ФотографијаНаДенот никнаа бројни станици за водено разладување. 

Националната метеоролошка служба на САД  издаде предупредувања за екстремни температури и во наредните денови и повика на претпазливост во сојузните држави Орегон и Вашингтон, како и во делови од Калифорнија и Ајдахо, со порака до жителите дека последиците од овој топлотен бран можат да бидат фатални.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми