Метеорски дожд
11 август 2018Реклама
#ФотографијаНаДенот: овој метеорски дожд настанува кога Земјата поминува низ облаци од честички прашина оставени од кометата Свифт-Татл. Најмалите честички се со големина на зрно песок, согоруваат во атмосферата на Земјата образувајќи метеорски дожд. Персеиди метеорскиот дожд е активен од 17 јули па сѐ до 24 август, но кулминацијата редовно се случува на 12 август. Бројот на метеори обично достигнува 60 метеори на час, оваа година ќе ги има двојно повеќе, велат астрономите. Не ја пропуштајте спектакуларнат глетка на летното небо.