Фотографија на денот: Мечиња за полицајци
31 јануари 2018Реклама
Мечињата би требало да им помогнат на полицајците во воспоставувањето контакт со исплашени или повредени деца. Портпаролот на полицијата Торстен Хербст изјави дека вакви играчки се „многу важни, поради тоа што децата имаат што да прегрнат“.
Мечињата се добро средство и кога се „крши мразот“ во комуникацијата со деца кои избегале од дома или деца кои се загубиле.