1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Миење раце во училиште против коронавирус – а вода нема

ЖА /ДВ
13 август 2020

Во борбата против пандемијата на коронавирус екстремно важна е основна хигиена како темелно миење раце. УНИЦЕФ алармира: стотици милиони деца не можат да ги спроведат препораките

Symbolbilder | Laut UNICEF können Hunderte Millionen Kinder in Schulen nicht Händewaschen
Фотографија: picture-alliance/imageBROKER/F. Kopp

ОН предупредија од значителни санитарни недостатоци во училиштатаво рамките на борбата против Ковид-19. Околу 818 милиони деца во светот во своите училишта немаат неопходни услови за миење раце. 295 милиони од децатасе од Африка јужно од Сахара, 462 милиони деца посетуваат училишта во кои нема вода.

Пристапот кон вода и санитарни објекти мора да стане примарна стратегија на сите влади, порача шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус. Редовното и темелно миење раце е една од наједноставните а сепак ефикасни мерки против вирусот кој предизвикува Ковид-19.

ОН и УНИЦЕФ укажуваат и на нужноста од правилна проценка на мерките за заштита на здравјето, последиците од евентуален карантин.

„Негативните последици на затворање на училиштатаврз безбедноста, учењето и благосостојбата на децата се широко документирани", се вели во извештајот на организациите.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми