Мистериозни скулптури на пенис „никнуваат“ во Германија
24 април 2021
Појавата на уште една скулптура на дрвен фалус во јужната германска покраина Баварија повторно ги збуни локалните жители.
Големиот пенис одеднаш се појави среде крстосница во градот Хајменкирх.
Не знаеме кој стои зад оваа „уметност“, вели градоначалникот на Хајменкирх Маркус Рајхарт.
„Но одговара: Ние сме силна и потентна заедница, и сега е време за пролетна треска“, додаде Рајхарт.
Се уште не е одлучено дали локалните власти ќе ја остават скулптурата на тоа место.
Големи дрвени пениси во повеќе наврати се појавуваат во Баварија последниве недели- но веднаш потоа, по само неколку дена, исто толку мистериозно исчезнуваат.
Најпознатата скулптура се појави во градот Гринтен, и таа во повеќе наврати беше уривана и повторно враќана на истото место, се додека не беше целосно отстранета и уништена.
Се уште не се знае кој стои зад скулптурите.