Дизајн
Фотографија на денот: Мода со порака
5 јули 2018Реклама
Холандската авангардна фирма Ботер со своето шоу ја отвори Берлинската недела на модата и понуди соочување со темите - идентитет и потекло. Професионално и креативно, со доза хумор. Младото дизајнерско дуо Ботер/Херенбруг за таа цел на модната писта извади исклучиво манекени со темна боја на кожата.
На овогодишната Берлинска недела на модата излагаат 3500 фирми, а се очекуваат околу 100.000 стручни посетители. Освен тоа, Неделата на модата се демократизира - модните ревии првпат има можност директно да ги доживее и сосема обичниот љубител на модата и тоа преку преноси во живо или „паблик вјуинг“.