Конфликти
Фотографија на денот: Момент на мир во војна
18 март 2022Реклама
Мајката и синот чекаат на воз кој ќе ги изнесе од Лавов и ќе ги транспортира до границата со Полска. Од почетокот на руската инвазија, од Украина избегаа над три милиони луѓе, соопшти Комесаријатот за бегалци на ОН. Повеќе од половината се примени во соседна Полска. Според УНХЦР, најголемиот дел од бегалците се „жени, деца и постари луѓе кои ги напуштаат домовите и честопати и роднините“ и одат во бегство и неизвесност.