Откриените звуци на живот од машина на чилеански спасувачки екипи во Бејрут ја подгреаја надежта дека под урнатините има уште преживеани.
Реклама
Во знакот на надеж е и муралот кој го работат уметници а го прикажува градот Бејрут. Редица муслимански и христијански свештеници и голема маса граѓани се собраа вчера во близина на разореното пристаниште на градот, за да им оддадат почит на 191 загинати во големата експлозија на 4 август, во која беа повредени преку 6500 луѓе. Според евиденцијата на властите, седум лица уште се водат за исчезнати. По експлозијата на 2750 тони амониум нитрат во едно складиште, околу 300.000 жители на Бејрут оставаа без покрив над главата.
Ранетиот град: Бејрут во вонредна состојба
Според последните информации бројот на загинати во страотната експлозија во Бејрут се искачи на 137 а повредени се околу 5000 луѓе. Во Либан е прогласена тридневна национална жалост за жртвите во главниот град.
Фотографија: picture-alliance/Xinhua/B. Jawich
Срамнето со земја
Делови од Бејрут се срамнети со земја по силната експлозија. Властите соопштија дека најмалку 300 илјади луѓе останаа без своите домови. Кон градот веќе се упатија спасувачки тимови од многу земји а пристигнува и помош од разни страни на светот. Потрагата по жртвите и причините за катастрофата продолжува.
Фотографија: Reuters/A. Taher
Паника во Бејрут
Страотната експлозија која ги потресе Бејрут и предградијата на либанската престолнина, предизвика паника кај жителите. „Никогаш во животот не сум видел волку голема катастрофа“, изјави гувернерот на Бејрут за локалната телевизија.
Фотографија: Reuters/M. Azakir
Експлозијата почувствувана и во предградијата
Експлозијата која се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, беше почувствувана низ целиот главен град. Дури и жителите на предградијата пријавија дека ја слушнале експлозијата, а некои сведочеа дека и прозорците им се разнишале.
Фотографија: Reuters/K. Sokhn
Десетици згинати, илјадници повредени
Министерството за здравство во Либан соопшти дека досега најмалку 100 луѓе загинале, а повеќе од 4.000 се повредени.
Фотографија: Reuters/M. Azakir
„Неприфатливо“ складирање на амониум нитрат
Премиерот Хасан Диаб изјави дека големи залихи од 2.750 метрички тони амониум нитрат во магацин на пристаништето ја предизвикале силната експлозија. „Неприфатливо е дека пратка од 2.750 тони амониум нитрат е присутна веќе шест години во магацин, без да се преземат превентивни мерки“, рече Диаб.
Фотографија: Getty Images/AFP/STR
Трка за спас на преживеаните
Повеќе од 30 екипи на Црвениот крст учествуваат во спасувачките напори, а многу помагаат и многу жители на Бејрут. Болниците алармираа дека брзо ги надминале капацитетите - и апелираа на крводарителство, како и за генератори за да помогнат во обезбедувањето на електрична енергија.
Фотографија: picture-alliance/AA/H. Shbaro
Експлозијата почувствувана дури и на Кипар
Експлозијата во Бејрут предизвикала и силен потрес со интензитет од 3,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти германскиот центар за геолошки науки ГФЗ. Жителите на средоземоморскиот остров Кипар, на околу 110 километри оддалеченост од Бејрут, сведочеа дека ја слушнале и ја почувствувале експлозијата.
Фотографија: Getty Images/AFP/STR
Во потрага по роднините, пријателите...
Бројни жители на Бејрут веднаш по експлозијата истрчаа на улица во потрага по своите роднини и пријатели... Дописникот на ДВ, Басел Ариди посети болница во Бејрут по експлозијата. „Она што го видов во болницата беше многу драматично. Сите болници најавија дека се тотално преоптоварени“.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/H. Ammar
Двенеделна вонредна состојба
Либанските власти стравуваат дека многу повеќе луѓе се затрупани под урнатините. Претседателот Мишел Аун закажа итен состанок на кабинетот и порача дека треба да се прогласи двонеделна вонредна состојба.
Фотографија: Getty Images/AFP/STR
Либан се соочува со двоен удар
Уништувачката експлозија се случи во период кога Либан доживува сериозни економски турбуленции, при што многу луѓе излегоа на улиците во последните месеци за да протестираат поради катастрофалната финансиска состојба. Во Либена е прогласена тридневна национала жалост за жртвите од експлозијата.