САД, во борбата против коронавирусот, сакаат да донираат уште 500 милиони дози од ковид-вакцините за посиромашните земји. Ова го потврди претседателот Џо Бајден на виртуелниот корона-самит.
Реклама
Целта на меѓународна видео-конференција на маргините на Генералното собрание на ОН беше да ги собере шефовите на држави или на влади, претставниците на меѓународните организации, невладините организации и на приватниот сектор за да се договорат за „заедничка визија за борба против Ковид-19“ . Бајден, исто така, најави дека САД ќе стават на располагање 370 милиони долари за поддршка на испораката на вакцини низ целиот свет.
САД водат според донации за вакцини ширум светот
САД веќе објавија безусловна донација од 500 милиони дози вакцини пред самитот на Г7 во Корнвол, Англија во јуни. Вкупно, американските донаторски ветувања изнесуваат 1,1 милијарда вакцини . САД со тоа се најголемиот донатор во светот.
Светските лидери ги засукаа ракавите - која вакцина ја одбраа
Германската канцеларка Ангела Меркел се приклучи на растечката листа на светски лидери кои се вакцинираа против Ковид-19, таа прими АстраЗенека. Преглед на дел од државниците кои веќе се вакцинираа.
Фотографија: Frank Augstein/AP Photo/picture alliance
Џо Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден во јануари ја прими втората доза вакцина од Бионтек/Фајзер. До средината на април, според податоците на Американските центри за контрола и превенција од заразни болести, во САД најмалку 120 милиони граѓани примиле прва доза вакцина, а преку 70 милиони се целосно имунизирани.
Фотографија: Tom Brenner/REUTERS
Бенјамин Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така прими вакцина од Бионтек/Фајзер. Израел има на располагање милиони вакцини преку договор со Фајзер, кој предвидува давање медицински податоци на фармацевтскиот концерн за возврат. До средината на април, 53% од 9 милиони жители на Израел се имунизирани со вакцината на Бионтек/Фајзер. Израел главно ги укина рестрикциите воведени поради пандемијата.
Фотографија: Amir Cohen/REUTERS
Нарендра Моди
Индискиот премиер Нарендра Моди на 1 март бил имунизиран со вакцината Коваксин, произведена во Индија. Во земјата први на ред за вакцинација се вработените во здравството, на првата линија во борба против Ковид-19 и хронично болните. Индија во моментов е втора во светот според бројот на случаи на заболени од Ковид-19, по најновиот пораст на нови инфекции.
Британскиот премиер Борис Џонсон ја прими првата доза од вакцината на АстраЗенека во март. Таа е развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд и во моментов е во фокусот поради низа контроверзи. Неколку земји ја прекинаа нејзината употреба поради случаи на згрутчување на крвта кај вакцинирани со оваа вакцина.
Фотографија: Frank Augstein/AP Photo/picture alliance
Жан Кастекс
Францускиот премиер Жан Кастекс беше вакциниран со АстраЗенека во истиот ден со британскиот колега Борис Џонсон. Тој тоа го направи пред телевизиските камери, со цел да ја врати довербата во оваа вакцина кај граѓаните.
Фотографија: Thomas Coex/AP Photo/picture alliance
Скот Морисон
На австралискиот премиер Скот Морисон му беше инјектирана вакцината на Бионтек/Фајзер. Тој тврдеше овој месец дека Австралија во вакцинацијата ги надминала Германија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија. Но, сепак тој се откажа од својата цел – сите Австралијци да бидат целосно имунизирани до крајот на оваа година.
Фотографија: Mark Evans/Getty Images
Реџеп Таип Ердоган
Турскиот премиер Ердоган пред камерите се вакцинираше со кинеската вакцина Синовак во јануари. Целта на јавното вакцинирање беше да ги мотивира граѓаните да се имунизираат. Во Турција досега се дадени околу 19 милиони дози вакцини, главно Синовак, додека вакцинирањето со Бионтек/Фајзер почна на 2 април.
Фотографија: Murat Cetinmuhurdar/Presidential Press Office/REUTERS
Јок Видодо
Индонезискиот претседател Јоко Видодо ја прими вакцината Синовак. Втората доза му беше дадена на 27 јануари, настанот беше пренесуван во живо на телевизијата. Владата планира со вакцинација на 181 милион жители да заврши во следната година.
Дозите на вакцината на производителот Бионтек/Фајзер треба да се произведуваат во САД и треба да се купат по „непрофитна цена“. Тие треба да бидат доставени до земјите-приматели до крајот на септември 2022 година.