Фотографија на денот: Најдобра УНИЦЕФ-фотографија за 2019
20 декември 2019![Unicef - Foto des Jahres 2019 - 1. Platz](https://static.dw.com/image/51737046_800.webp)
Реклама
Германскиот фотограф Хартмут Шварцбах ја фотографира 13-годишната Вени и други деца кои во морето од отпад секојдневно се обидуваат да пронајдат предмети кои може да ги продадат и така да заработат малку пари. Фотографијата раскажува за борбата за преживување на децата и отсликува три трагедии на нашето време: сиромаштија, загадување на животната средина и детска работа, ја образложи УНИЦЕФ својата одлука.