Кралицата Елизабета Втора својот 95-ти роденден го слави во момент на огромна загуба – смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип
Реклама
Прослава на роденденот, четири дена по погребот на принцот Филип, кој почина на 99 години, нема да има. Британската кралица е во длабока жалост, иако тоа не го манифестира јавно, поднесувајќи ги бремињата стоички, онака како што тоа се чини го прави веќе 70 години, барем однадвор гледано.
Во 1952 година, со само 25 години, таа седна на престолот по чиста случајност. Ако нејзиниот чичко, кралот Едвард VIII не абдицирал поради љубов, нејзиниот татко немало да стане крал, ниту таа би ја добила големата одговорност, која ја извршува со најголема сериозност, патриотизам и истрајност.
За време на владеењето на Елизабета Втора, британското општество претрпе енормни промени. Монархијата во ерата на Елизабета преживеа добри и лоши времиња, венчавки од соништата и разводи, скандали, економски кризи и војни. Но, и покрај сите афери и дилеми околу смислата на постоењето на конституционалната монархија, најголем дел од Британците ја сакаат својата кралска фамилија и посебно кралицата.
Куриозните имиња на кралицата Елизабета Втора
Официјалната титула на кралицата Елизабета Втора гласи: „Нејзиното Височество Кралицата“. Но, таа од своето семејство е нарекувана со неколку имиња кои воопшто не се кралски.
Фотографија: picture-alliance/Zumapress
Лилибет
Англискиот изговор на „Елизабет“ се чини не е проблем само за јазикот на Германците. И кралицата додека била дете имала проблем да си го изговори името, па велела дека се вика „Лилибет“. Елизабета Втора така била нарекувана од нејзините најблиски сѐ додека не станала млада дама. На таквото нарекување дефинитивно му бил ставен крај кога седнала на тронот во 1952 година.
Фотографија: picture-alliance/Zumapress
Ширли Темпл
Чичкото на Елизабета, Едвард, идната кралица радо ја нарекувал „Ширли Темпл“. Наводно поради тоа што со своето тркалезно лице и кадравата коса многу личела на американската дете-ѕвезда.
Кога принцот Вилијам бил мало дете, како на фотографијава при крштевката на својот брат Хари, имал проблем со зборот „Грени“ (англиски збор за баба). Наместо тоа, тој својата баба едноставно ја викал „Гери“. Машко име, па уште и толку обично? Тоа Елизабета сигурно му го дозволувала само на својот внук.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Ган-Ган
И за синот на принцот Вилијам - Џорџ, „Грени“ очигледно бил многу компликуван збор. Тој на две и пол годишна возраст својата прабаба имал обичај да ја вика „Ган-Ган“. Така барем тврди војвотката Кејт во една документарна емисија за кралското семејство. Малиот принц во јули ќе наполни 5 години, па веројатно веќе не го употребува тоа име.
Фотографија: Reuters/S. Wermuth
Кебиџ
Принцот Филип и кралицата Елизабета се во брак подолго од 70 години. Некако цело време беше јасно дека тој не ја нарекува „кралица“ или „Ваше Височество“. Но дури минатата година се дозна кое е неговото име за кралицата. Принцот својата сакана ја нарекува „Кебиџ“ (главица зелка). Зошто? Околу тоа може само да се шпекулира.