1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На протестите против расизмот уништени статуи на Колумбо

ЕМФ
11 јуни 2020

На протестите против расизмот и полициското насилство во Сент Пол, Минесота, демонстрантите демонтираа статуа на италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо.

USA | Tod George Floyd | Rassismus | Polizeigewalt | Black Lives Matter | Gestürzte Kolumbus-Statue in St. Paul
Фотографија: picture-alliance/Minneapolis Star Tribune

Над три метри високата бронзена статуа беше турната од неколку десетици демонстранти. „Тоа беше исправно и беше вистински момент за тоа“, изјави демонстрантот Мајк Форсија. По смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, во САД се разгоре дискусија за расната нееднаквост и полициската бруталност. Домородците во северна Америка го отфрлаат оддавањето чест на Колумбо, велејќи дека неговата експедиција во Америка овозможила колонизација и геноцид. Споменик на Колумбо во вторникот беше уништен и фрлен в море во Ричмонд, а во Бостон на статуата на морепловецот ѝ беше пресечена главата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми