Небескиот карневал во Венеција
Костумирана жена фрла конфети додека со сајла ја спуштаат 99 метри високата камбанарија на катедралата „Свети Марко“ во Венеција. Како и секоја година така и оваа карневалот во Венеција беше отворен токму со овој таканаречен „Лет на ангелот“ забележан на нашата #ФотографијаНаДенот. Годинава славјето под маски во приморскиот италијански град, кое влече корени од пред векови, трае до 25 февруари и привлекува гости од целиот свет.
Карневал во Венеција
Карневалот во легендарниот италијански град е во полн ек со прекрасни перформанси кои се оддржуваат низ познатите канали. Секоја година карневалот привлекува илјадници маскирани учесници.
Гондоли во каналите
Познатите канали на Венеција оживуваат кога, за време на водената парада, низ нив минуваат разнобојните бродови. Годинешното отварање беше проследено со перформанс на вода. Во чест на океанот и месечината, митската „Кралица на морето“ излезе од водите на централниот канал Канареџио во придружба на фантастичните морски суштества.
Магично отворање
Според организаторите, целта на шоуто била славење на „убавината и морето“ - што беше дел од големото отворање на еден од најпознатите карневали во светот. Дел од изведувачите, со сини крилја инспирирани од пеперутките висеа во воздухот додека под нив поминуваа гондоли кои носеа факели.
Популарна туристичка дестинација
Се смета дека Венецискиот карневал се оддржува од 1162 година. По неколку децениска пауза, истиот почна одново да се оддржува во 1980 година. Додека се оддржува карневалот, Венеција - град со 850.000 жители - ја посетуваат околу 3 милиони туристи.
Мистериозната дама во црвено
За разлика од другите карневалски прослави, на кои главно има забавни паради со танчери и кловнови, прославата во Венеција секогаш е опкружена со чувство на мистерија. Прославата вклучува бал на маски, паради со гондоли, натпревар за убавина и други помали прослави низ градот.
Инкогнито во гондола
Детално маскираните луѓе се движат низ мрежата на канали во градот. Костумите се изработуват од лускузни материјали и свила, а фамозните венецијански маски се неопходни за секоја карневалска група.
Различни видови на маски
Постојат повеќе видови на маски: „Баута“ е целосна, позлатена маска која е дизајнирана да му овозможи на оној кој ја носи да зборува, јаде и пие без да треба да ја извади. „Коломбина“ е полумаска која често е декорирана со сребро, злато и пердуви. Иако денес и двете видови маски ги носат и мажи и жени, во минатото „баута“ била наменета за мажите.
Живописни костуми
Веселбарите се собираат во познатото кафуле Флориан на плоштадот Св. Марко. Најпознатиот настан на карневалот можеби е таканаречениот „лет на ангелот“ кој вообичаено се случува викендот пред Дебелелиот четврток - католичката гозба со која се одбележува последната можност да се јаде и да се весели пред почетокот постовите.
Лет на ангелот
При оддржувањето на традиционалната прослава чии корени можат да се најдат во ренесансниот период, победникот од натпреварот за убавина кој се одржал претходната година се спушта со јаже од кулата на Св. Марко среде насобраните луѓе на плоштадот.
Карбинери на Св. Марко
Официјалните лица изјавија дека за осигурувањето на безбедноста на карневалот се поставени антитерорситички единици на клучните локации низ центарот на градот каде се очекува да се соберат илјадници луѓе да ги гледаат настапите и парадите. Автор: Н. Бергхаузен