1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Неславен рекорд

СН/агенции
23 мај 2022

Руската инвазија Украина и другите смртоносни конфликти за првпат во историјата го зголемија бројот на луѓе раселени поради насилство ширум светот на повеќе од 100 милиони, соопшти УНХЦР

Привремено прифатилиште за украинските бегалци во Полска, на десет километри од грраницата меѓу двете земји
Привремено прифатилиште за украинските бегалци во Полска, на десет километри од грраницата меѓу двете земјиФотографија: Nicolas Economou/NurPhoto/picture alliance

Над 100 милиони луѓе се протерани од своите домови ширум светот, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

УНХЦР наведува дека војната во Украина е еден од факторите кој принудил милиони луѓе да ги напуштат своите домови, додавајќи дека долготрајните конфликти во Етиопија и во Демократска Република Конго се втор фактор кој довел до голем број принудно раселени лица.

Германија: Курсевите по украински јазик целосно пополнети

01:07

This browser does not support the video element.

„Тоа е рекорд кој никогаш не требаше да биде поставен“, нагласи високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди.

Тој укажа оти тоа мора да послужи како повик за будење со цел да се решат и спречат деструктивните конфликти,  да се стави крај на прогонството и да се отстранат причините кои ги приморуваат невините луѓе да ги напуштат своите домови.

Податоците на УНХЦР опфаќаат бегалци, баратели на азил и раселени лица во сопствените земји.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми