1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова влада, нов премиер, нови министри

СН/агенции
17 јануари 2022

Во новата македонска влада на чело со премиерот Димитар Ковачевски има девет нови имиња, додека 11 беа дел од владата на Зоран Заев, во која Ковачевски беше заменик министер за финансии.

Nord-Mazedonien Skopje | Neue Regierung
Фотографија: Robert Atanasovski/AFP/Getty Images

Македонското Собрание дозна синоќа ја избра новата влада на чело со Димитар Ковачевски, лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). За гласаа 62 пратеници од парламентарното мнозинство во Собранието, а против беа 46 пратеници на опозициските партии

Новата влада на Ковачевски, во која главни коалициски партнери и натаму се СДСМ и ДУИ, ќе ја наследи владата на Зоран Заев, кој во декември минатата година поднесе оставка.

Во владата на Димитар Ковачевски има девет нови имиња, додека 11 беа дел од владата на Зоран Заев, во која Ковачевски беше заменик министер за финансии. Коалицијата „Можеме“ на СДСМ има 11 министри, ДУИ на Али Ахмети шест и тројца  од новиот коалициски партнер -Алтернатива на Африм Гаши.

Повеќе: Пет партии ја условија поддршката за Владата

Министри без ресор се поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битичи и поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ, а нови се Славица Грковска и Џемаил Чупи.

Ковачевски најави дека неговата влада ќе се посвети на економијата, енергетскиот развој и зголемувањето на вработеноста, и на напорите за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Тој додаде дека очекува опозицијата да биде конструктивна и да соработува со владејачката коалиција во интерес да се носат најдобри одлуки за државата и граѓаните.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми