1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новогодишна елка како деликатес

СН/агенции
12 јануари 2021

Новата година штотуку започна, а милиони новогодишни елки веќе завршуваат во отпад. Но, некои зоолошки градини ги прифаќаат и искористените новогодишни елки. Бидејќи за некои животни тие се вистински деликатес.

BdTD Tschechien Weihnachtsbäume für Elefanten
Фотографија: David Tanecek/CTK Photo/imago images

До вчера сè уште беа прекрасни украси во многу дневни соби, а денес веќе се отпад покрај патот: таква е судбината на многу божикни и новогодишни елки овие денови. Но, многу зоолошки градини и паркови за диви животни - како овде во Двур Кралове во Чешка - се среќни што добиваат донации од непродадени или  искористени новогодишни елки. На пример, за слоновите и камилите, нивните иглички и кора се вистински деликатеси.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми