Фотографија на денот: Ноќ на вештерките
31 октомври 2020Празникот Хеловин поттикна многумина во САД своите маски и презентации да и’ ги посветат на короната. На нашата #ФотографијаНаДенот, направена во Норт Ендовер пред Ноќта на вештерките, маскирани скелети стојат над надгробна плоча на која пишува „Почивај во мир 2020“.
Хеловин во време на корона
Пандемијата на коронавирус шири страв! Фановите на Хеловин сакаат да го искористат тој ефект.
Која е најдобра?
Која тиква да ја земам, се прашува сигурно ова момче во Линколншир, во американската сојузна држава Илиноис. Фенерот од тиква, познат под името „Jack-O-Lantern“ е симбол на Хеловин (31 октомври). Ирските доселеници го донесле обичајот во САД. Денес светлечките изрезбани тикви со страшни ликови ги сакаат најмногу децата - наспроти короната.
Мозаик „тиква со маска“
Што е подобро од една тиква? Точно, многу тикви! Од околу 6000 тикви во Хемпшир, Велика Британија, за Хеловин е направен вистински мозаик. И, се разбира, огромната мозаик-тиква носи што друго ако не - заштитна маска!
Тиква-балон
Тиква со маска крената во височините! Во Оринџ Каунти, Калифорнија, овој балон е корона-безбеден: меѓу балонот и посетителите во паркот на земја има повеќе од доволно дистанца.
Чудно, почудно, најчудно
Добро, Хеловин-декорациите во дворовите честопати се чудни, но токму тоа ги прави интересни. Која е пораката на овој аранжман од виножито, коронавирус, еднорог и човек во заштитна облека во њујоршкиот кварт Квинс, е оставено на секого да заклучи самиот. Можеби гласи „На крајот од пандемијата се’ ќе биде добро, посебно ако веруваме во бајки“?
Довидување во иднината!
Како и многу други големи настани, и Хеловин-фестивалот во Маркхем, во Онтарио, Канада, беше откажан поради пандемијата на коронавирус. За разочараните посетители на бали со сено беа нацртани тикви, крава и свиња, се разбира со заштитна маска. Над нив е напишано ветувањето: „We'll bе back“ (Ќе се вратиме).
Скелети со маски
Во Њу Џерси фановите на Хеловин имаат порака до противниците на маски во своето соседство. Во нивните „Игри со маски“ скелетите кои немаат маски поминуваат лошо. Додека тие се веќе на земја, или одвај се држат на коските, скелетите со маски се во прилично добра состојба. Пораката е недвосмислена.
Короната го засени Франкенштајн
Зошто на Хеловин да не се отиде во корона-костим? Во продавниците за маски и костими, како оваа во Мексико Сити, годинава има новитети. Корона-маските со боцките изгледаат некако слатко, но сепак кај многу луѓе предизвикуваат ужас. Да се надеваме дека наредната година веќе нема да бидат „ин“!