Овен на автопат
7 септември 2018Реклама
Дали овенот на нашава #ФотографијаНаДенот се мисли пред сообраќајните патокази по кој пат да трге? Тој дефинитивно го згрешил патот, по бегството од една фарма во близина на Лудвигсбург, се нашол на автопатот 81 (Штутгарт-Хајлброн), предизвикувајќи обемна полициска акција и блокирање на сообраќајот. Фатен е со здружени сили од полицајците и возачите и вратен на сопственикот, кој тргнал да го бара.