1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Од 1 до 101.214

СН/агенции
26 февруари 2021

На денешен ден пред точно една година беше потврден првиот случај на Ковид-19 во С. Македонија. Новите 582 инфекции за едно деноноќие, пријавени вчера, покажуваат дека пандемијата не стивнува.

Nord-Mazedonien Skopje | Coronavirus | Entnahme Abstrich Corona-Test
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Првиот случај на инфекција од новиот коронавирус во С. Македонија беше регистриран на 26 февруари минатата година. Стануваше збор за жена од Скопје, која престојувала во Италија и допатувала  во земјата преку граничниот премин Табановце. 

Оттогаш наваму во земјата се регистрирани 101.214 случаи на Ковид-19, а од бројот на починати изнесува 3.111. 

По периодот на релативно ниски стапки на инфекции во последните денови, бројките повторно растат. Вчера беа пријавени 582 нови случаи на Ковид-19  за едно деноноќие. 

Повеќе:

-Новиот сој на вирусот ги елиминира шаловите и визирите

-Коронавирус: Британскиот сој ја зема првата жртва во С. Македонија

-Низ С.Македонија „шетаат“ 20 мутации на коронавирусот

Од друга страна растат надежите за постепено надминување на корона-кризата, со оглед дека и покрај доцнењето, наскоро ќе започне и масовната имунизација на населението со околу 200 илјади вакцини на кинескиот производител Синофарм, кои се очекува да пристигнат во земјата деновиве.

Инаку веќе започна имунизацијата на медицинскиот персонал кој работи во Ковид-центрите со вакцините на Бионтек/Фајзер, кои  беа донирани од соседна Србија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми