Стил на живот
Фотографија на денот: Октоберфест-плејмејт
16 септември 2017![Deutschland | Wiesnplaymate 2017 auf dem Flugplatz Schleißheim](https://static.dw.com/image/40465538_800.webp)
Реклама
На #ФотографијаНаДенот таа е облечена во традиционалната женска баварска носија Дирндл и в рака има - што друго ако не перек и кригла пиво. Патриција Динкел е подготвена за најголемиот панаѓур во светот.
Точно напладне градоначалникот на Минхен ќе го пробуши првото буре со пиво и со тоа ќе означи почеток на панаѓурот кој ќе трае 18 дена. На Октоберфест традиционално доаѓаат милиони посетители од цел свет. Организаторите се надеваат дека така ќе биде и годинава.