Конфликти
ОН предупредуваат - на Украина ѝ се заканува криза со храна
5 март 2022Реклама
„Ситуацијата на луѓето во Украина драматично се заострува поради жестоките борби. Луѓето мораат да се засолнуваат и да живеат во подруми, а со храна и потребни производи можат да се снабдуваат само изложувајќи се на максимална опасност“, предупреди директорот на Светската програма на ОН за храна во Германија, Мартин Фрик за весниците од Функе групата.
„Од Киев и од Харков ни стигнуваат извештаи дека снемување храна, а исто така и вода за пиење“, изјави Фрик. Приоритет на ОН сега е етаблирање на патишта за снабдување на Киев и на епицентрите на конфликтот, пред борбите натамошно да ескалираат. Светската програма на ОН за храна во целиот регион го зајакнува своето присуство, „но, ова е трка со времето“, предупредува Фрик.