1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опасниот глечер

СН/дв
7 август 2020

На италијанската страна на Мон Блан, големи делови на глечер во топење се движат кон блиската долина. Постои ризик од тешко расцепување на мразот. Властите веќе евакуираа 70 лица во регионот.

Italien Courmayeur | drohender Gletschersturz am Mont Blanc
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Bertolino

Според експертите, околу 500.000 кубни метри мраз би можеле во лавина да паднат во долината - што е приближно еквивалентно на 200 полни олимписки базени. Мразот на глечерот Планпенсије започна да се топи и придвижува заради големите температурни разлики во изминатите неколку дена. Глечерот под Мон Блан, највисокиот врв на Алпите, сега преставува голема закана за блиската населба Курмајор во долината Аосте. Властите спроведоа итна евакуација на мештаните и на туристите и соопштија дека наредните 72 часа ќе бидат критични.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми