Секога година Германците за дочекот на Новата година во воздух испалуваат до 200 милиони евра.Огнометот е неизбежен и омилен дел на прославата, но пиротехничките средства, како легални така и нелегални носат и опасности.
Реклама
Бројот на повредени, па дури и загинати поради новогодишната пиротехника секоја година се зголемува. Затоа спроти почетокот на сериозните подготовки за дочекот на 2019 година германските власти преземат превентивни активности.
Така деновиве на полигон во Франкфурт на Одра кутија полна со пиротехника од странство е разнесена во воздух со контролирана експлозија. На тој начин германската царинска управа се обиде да демонстрира колку е опасна конфискувана пиротехника која нелегално се внесува во земјата. Во последниве години, во пограничниот регион околу Франкфурт на Одра, зачестено биле приведувани лица кои пренеле пиротехнички средства од категоријата 3 и 4 во Германија, иако за тоа не ги поседувале потребните дозволи.
Десет места за дочек на Новата година
Означувањето на почетокот на Новата година значи осветлување на градовите и прослава со разнобоен огномет. Придружете ни се на кратка тура низ најдобрите дестинации во Европа за дочек на Новата година
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. May
Берлин
Прославата за доаѓањето на Новата година во Берлин привлекува повеќе од милион луѓе кои се собираат меѓу Бранденбуршката порта и Победничкиот столб. За да се потврди препознатливоста на Берлин како град на забавата, по завршувањето на огнометот прославата продолжува на улиците.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Carstensen
Лондон
Новата година во британскиот главен град се означува со звуците на Биг Бен од зградата на парламентот. Потоа следува огнометот над Темза. Оние кои сакаат да имаат најдобра глетка на спектаклот треба да се упатат кон Лондонското око - најголемото панорамско тркало во Европа. Со оглед на тоа дека е многу тешко да се стигне до билети, има и други места кои нудат одличен поглед на прославата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Mcnaughton
Атина
За Грците, прославата на Нова година е поважна од прославата на Божиќ. Освен уживањето во добра храна и вино, по огнометот, Грците традиционално играат карти - дома или во казино. Организираната прослава на плоштадот Синтагма, кој се наоѓа недалеку од Акрополис по финансиската криза е значително помала. Добар поглед кон Атина има од планината Ликабетус.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Papaioannou
Париз
На Шамп де Марс и на Трокадеро не се чувствуваат непријатните звуци и мирис од огнометот. Наместо тоа, тука можете да уживате во ласерско шоу кое елегантно е претставено на Ајфеловата кула. На Елисејските полиња, со поглед на Триумфалната порта, посетителите се собираат да си посакаат „Bonne année“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kovarik
Рим
Местото на собир на Христијаните од светот е „Пиаца Сан Петро“ или плоштадот Св. Петар. Тие се собираат на последната ноќ од годината каде што чекаат да пристигне папата во базиликата Св. Петар, каде што лично тој држи миса по повод доаѓањето на Новата година. Билетите се бесплатни, но вообичаено брзо ги снемува со оглед дека има само 10.000 места.
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Tersigni
Прага
Овде, огнометот започнува од ридовите, осветлувајќи ги златните кровови на чешката метропола. Обичајот е да се исече јаболко на половина и ако се формира ѕвезда, тогаш се верува дека ќе имате среќа во престојната година.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Fluger
Мадрид
Дочекот на Новата година во Мадрид е проследен со голема забава на Пуерта дел Сол, централниот плоштад во историскиот центар на градот. На новогодишната забава покрај шампањот, треба да донесете и грозје. Во Шпанија е традиција да се јаде грозје секој пат кога ѕвоната ќе заѕвонат на полноќ. Двојките често јадат грозје едни од други бидејќи се верува дека тоа носи среќа во Новата година.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Cuevas
Мадеира
Многу туристи доаѓаат да ја прослават Нова година на португалскиот остров, кој се наоѓа околу 1.000 километри југозападно од Лисабон, за да уживаат во најголемиот огномет во светот - како што тврди Гинисовата книга на рекорди. По полноќ, традиционално се сервира новогодишна супа од кокошка.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Lusa Homem De Gouveia
Женева
Еден од поскапите начини да се прослави доаѓањето на Новата година е да се гледа огнометот со чаша шампањ во раката и четири различни јадења сервирани на еден од бродовите кои пловат на Женевското езеро. Сцената е многу романтична со оглед на тоа дека бреговите на езерото се осветлени.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Di Nolfi
Истанбул
Градот на два континенти ја прославува Новата година на централниот плоштад Таксим. Најдобриот поглед на огнометот над Босфор е од мостот Галата. За оние кои преферираат традиционална прослава, најдобрите локали се во азискиот дел од градот од каде има и беспрекорен поглед на градот.