Во Минхен официјално беше претставена најважната „алатка“ за годинешното издание најголемиот фестивал на пивото во светот.
Реклама
На оваа #ФотографијаНаДенот може да се види како годинава ќе изгледа традиционалната кригла од еден литар за Октоберфест. Годинава прочуениот фестивал на пивото во Минхен ќе се одржи по јубилеен 185-ти пат. Од 22 септември до 7 октомври милиони обожуватели од целиот свет ќе го слават омилениот напиток во огромните шатори на Терезината ливада во главниот град на Баварија.
Бидете во тренд на Октоберфест!
Повеќе милиони луѓе секоја година доаѓаат на Октоберфест во Минхен. Најголемиот светски фестивал нуди изобилство на пиво, храна и забава. ДВ ве советува како да бидете во тренд на оваа баварска прослава на пивото
Фотографија: picture-alliance/dpa
Народна носија
Дирндл и ледерхозен (кожни пантолони) се дел од германската народна носија познати ширум светот. Но, на Октоберфест традиционалните костуми не ги носат само Германците. Оваа група, на пример, ја сочинуваат посетители од Австралија, Австрија, Франција и Чешка.
Фотографија: DW/I. Moog
Дирндл во сите бои
За разлика од пред неколку години кога на носењето дирндл се гледаше со неодобрување, денес тој е обрзувачки дел од костумот. Можат да се најдат во сите бои, марки и стилови, а во продажба се на речиси секое ќоше, особено за време на фестивалот. Останува на вас да изберете кој најмногу ви одговара.
Фотографија: cc - Florian Schott
Шарени кецели
Можете да одберете традиционални, едноставни, црни или слични како овие на фотографијата. Важно е само да ги искомбинирате со шарена кецела.
Фотографија: Getty Images
Скап сувенир
Но, немојте да се залажувате затоа што Дирндл-от не е ефтин. Цените се движат од 80 евра па нагоре. Најскапиот Дирндл на светот е направен од свила и украсен е со кристали на Сваровски, а чини астрономски 100 илјади евра. Овој луксузен Дирндл го дизајнираше Лола Палтингер.
Фотографија: Getty Images
Во африкански стил
Оваа народна носија може да биде во типичен германски стил, но некои дизајнери и дадоа и меѓународен карактер. Компанијата „Нох Не“ од Минхен произведува Дирндл од африкански материјали.
Фотографија: Dirndl à l´Africaine
Мали тајни под фустанот
Откако сте одбрале Дирндл, на ред е она што се наоѓа под фустанот. Продавниците за долна облека во текот на Октоберфест нудат специјални градници за Дирндл со кои го обезбедуваат деколтето по кое Дирндл е славен.
Фотографија: dapd
Кожни пантолони за мажи
Но, не се само дамите тие кои се дотеруваат за Октоберфест. Типичните баварски кожени пантолони за мажи се голем хит- не само во Баварија, туку и во цела Германија. Во бутиците ширум Германија- а понекогаш и надвор од неа- можете да пронајдете цели оддели со Дирндл и ледерхозен.
Фотографија: Fotolia/XtravaganT
Модни детали
Модните детали се неопходни и за кожените пантолони, како и за Дирндл. Типичните додатоци се ткн. каривари кои се закачуваат за пантолоните. Тоа се ланци на кои се закачени различни приврзоци, како парички, животински заби, рогови или други ловечки трофеи.
Фотографија: Fotolia/WoGi
Статусни симболи на главата
На Октоберфест не е важно каков автомобил возите, кој има поскапа вила или поскапа јахта. За вашиот статус говори „гамсбарт“ кој го носите на глава. Тоа е прамен кој се носи како украс на шеширот. Колку е поголем гамсбартот, поголема е почитта која ја добивате.
Фотографија: DW
Баварски пионери
Дури и најмладите посетители на Октоберфест се обидуваат да имаат адекватен костум. Децата исто така учествуваат во традиционалната парада која е дел од секој Октоберфест.
Фотографија: picture-alliance/dpa
И секако- пиво!
Но немојте поради разговорите за модата да ја заборавите главната причина поради која се доаѓа на Октоберфест- уживање во одличното пиво. Како што велат Германците- Прост! На здравје!