Конфликти
Фотографија на денот: Очајот на Венецуела
2 мај 2019Реклама
Според организацијата за човекови права Венецуелска опсерваторија, една млада девојка го загубила животот од куршум во главата.
Опозицијата сака да го зголеми притисокот врз Николас Мадуро и повика на штрајкови во земјата, кои постепено треба да се претворат во генерален штрајк. Во меѓувреме поради состојбата во Венецуела во конфронтација влегоа и САД и Русија. Американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео во телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров побара да биде ставен крај на руската поддршка за владејачкиот режим во Венецуела. Лавров пак предупреди од преземање натамошни „агресивни чекори“ во земјата на нафтата.