Фотографија на денот: Очите на Захра
22 декември 2017![UNICEF Foto des Jahres 2017 - 1. Preis](https://static.dw.com/image/41888033_800.webp)
Реклама
На лицето на девојчето може да се прочита тивкото страдање на милиони деца во кризните земји во светот. Нејзиниот лик е олицетворение на украденото детство на цела генерација сириски деца, беше речено на доделувањето на наградата за најдобра фотографија. Моментот со својот фотоапарат го има уловено двократниот добитник на Пулицеровата награда, Мухамед Мухеисен, кој известува од Блискиот Исток, Авганистан и Пакистан.