1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Фотографија на денот: Панично купување храна во Пекинг

26 април 2022

Додека во Пекинг се спроведува масовно корона-тестирање на населението, граѓаните панично купуваат храна.

China | Coronavirus Pandemie | Supermarkt in Peking
Фотографија: Kevin Frayer/Getty Images

Масовното корона-тестирање во Пекинг е проширено на речиси сите 21 милиони жители на градот. Денеска со масовно тестирање почнаа уште 11 градски општини.

Кинескиот главен град денеска јавува за само 33 новоинфицирани, но постои страв дека и Пекинг ќе го снајде повеќенеделен локдаун како Шангај. Поради тоа, жителите на Пекинг панично купуваат храна.

Пред супермаркетите има долги редици, а на полиците честопати речиси и нема намирници. Особено се барани намирници кои може да траат подолго. На оваа фотографија жителка на Пекинг стои пред испразнетите полици со тестенини во супермаркет во квартот Чаојанг во Пекинг. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми