Фотографија на денот: Папата сам на молитва
28 март 2020![Vatikan | Coronavirus | Papst Franziskus, Gebet Urbi et Orbi](https://static.dw.com/image/52945057_800.webp)
Реклама
„Нашите плоштади, улици и градови се обвиени со голем мрак... Ни стана јасно дека сите сме во ист чамец, сите слаби и без ориентација, но сите еднакво важни и неопходни, зашто сите сме повикани да весламе заеднички“, рече папата Франциско, кој им оддаде чест на сите кои работат на надминување на кризата. Папата благословот го даде на најцрниот ден за Италија во корона-кризата, на кој починаа 969 луѓе.