1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаКанада

Папата Франциско побара прошка

ЖА / агенции
26 јули 2022

Поглаварот на Католичката црква побара прошка од домородното население во Канада за страдањата во црковните интернати

Papst-Reise nach Kanada
Фотографија: Nathan Denette/The Canadian Press/AP/dpa/picture alliance

Папата Франциско, на почетокот од својата шестдневна посета на Канада, на средбата со претставници на домородното население побара прошка за повеќедецениското соучесништво на црквата во „културното уништување“ на нивните заедници во минатото.

„Ништо не може да ги згасне повреденото достоинство, доживената болка и изиграната доверба“, но потребен е почеток на процес на помирување, изјави папата.

Илјадници деца на автохтоните народи во Канада биле „превоспитувани“ во интернати, главно под патронат на Католичката црква, каде многу од нив биле изложени на злоставување, голем број починале како последица на болести и неухранетост.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми