1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Пауза за ручек

10 ноември 2021

Белите пеликани патуваат на југ - со меѓустаница во Израел... за ручек.

BdTD Israel | Zwischenstopp der Pelikane auf dem Weg nach Afrika
Фотографија: Amir Cohen/REUTERS

Илјадници бели пеликани во резервоарот Мишмар Хашарон, во централен Израел, прават пауза на својот долг и исцрпувачки пат кон Африка. Во резервоарот добиваат храна доставена од надлежните служби за заштита на природата.

Стотици милиони птици секоја сезона кога застудува тргнуваат на југ, кон Африка, а напролет се враќаат кон Европа и Азија. Отприлика 45.000 од нив се гладни пеликани, кои се вбројуваат кон најголемите птици преселници. За да не им ги крадат рибите на израелските рибари, а и за со тоа да не го загрозуваат својот живот, пеликаните во својата меѓустаница Израел може да запрат во резервоари каде храна за нив имаат оставено заштитниците на животната средина. Во Мишмар Хашарон, на пример, за пеликаните се оставени 2,5 тони второкласна риба, која на гладните пеликани им е првокласна храна.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми