Буон апетито – добар апетит! Пресно печена пица од автомат, нон стоп 24 часа – со оваа идеја пекар од Аугсбург го погодил „нервот“ и вкусот на муштериите. Бесконтактна продажба - вистински концепт во време на корона.
Реклама
Пица Маргарита или со салама, пресно печена за три минути директно од автомат – идејата на гастрономот Марко Пелицари е толку успешна, што тој размислува веќе за поставување дополнителен број автомати. Машините инаку потекнуваат од Италија и во меѓувреме ги има во неколку германски градови. Во апаратот со големина на шкаф на лагер се ставаат околу 80 замрзнати пици. Со притискање на копче, без никаков контакт, купувачот го добива насекаде омилениот италијански специјалитет.
Германците и нивната љубов кон брза храна
Од колбаси со кари до сендвич со ќофте од инсекти: културата на сендвичарници и брза храна во Германија е драстично променета. Она што некогаш било презирано, денес е прифатено и ги отсликува различните животни стилови.
Фотографија: picture-alliance/D. Bockwoldt
Колбас со кари
Колбасот со кари или каривурст во Берлин и Рурската област е речиси станат составен дел од идентитетот и се сервира често со пржени компирчиња, т.н. „Манта порција“. Германскиот познат пејач Херберт Гринемајер испеа дури и песна за него во рурски дијалект.
Фотографија: Imago/R. Wölk
Киоск за сендвичи со колбаси на скара
Помалку егзотични роднини на колбасот со кари се сендвичите со колбаси на скара,братвурст, по правило пред сендвичарницата се поставени неколку масички за стоење. Ваквите сендвичарници се посебно распространети во Берлин, но и во повеќе поголеми градови, како Келн.
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg
Сендвич со риба
Лепче со риба е некој вид северна варијанта на колбас со кари. Брзо се спрема- меѓу две половинки од лепче се става харинга (на фотографијата) или лосос, гарнирано со кромид и салата. Ова спаѓа во класиката на германската брза храна „за по пат“ и постои од почетокот на масовниот туризам во 1960-те години. Сендвич со риба е посебен заштитен знак на Хамбург - таму неизоставно треба да се проба.
Фотографија: Fotolia/Anne Katrin Figge
Киоск за пијалоци и сендвичи
Ваквите прапочетоци на германската култура на сендвичарници и киосци се наоѓаат посебно во Рурската и во Рајнската област. Во опуштена атмосфера, по крајот на работниот ден, луѓето се собираат на муабет, кафе или пиво и мала закуска - сендвич со салама или кашкавал.
Брзо подготвуваното и вкусно јадење од Италија во Германија го почнува својот победоносен поход во 1950-те години, по доаѓањето на првите италијански гастарбајтери и до денес е најомилената придобивка од странските кујни за брза храна. Сеедно дали цела во пицерија или купена како парче за по пат, пицата ужива неподелена омиленост.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Kleinschmidt
Донерот се одомаќинува
Во Берлин почнал да се продава првпат во 1972, а во Ројтлинген во 1969 година, а денес донер кебап спаѓа во најомилените закуски на Германците. Најдоцна од 1990-те години го има низ цела Германија: од класичен со месо, до вегетаријански. Првично донерот настанал веројатно во 19 век во северниот дел од Турција.
Фотографија: picture-alliance/R. Schlesinger
Суши
Само до пред неколку години, суши беше нешто специјално и можеше да се јаде само во некој јапонски ресторан. Денес суши има и во сите подобро снабдени супермаркети, особено во метрополите. Некогашната тренд храна за многумина вработени луѓе е добредојдена промена и алтернатива за храната од мензите во пладневната пауза за ручек.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Vennenbernd
Гастрономската култура и стилот на живеење
Во меѓувреме во Германија постојат сендвичарници и киосци за брза храна за секој вкус, па и за здравствено-свесните и еколошко ориентираните потрошувачи. Културата на сендвичарници е прилагодлива и не се сфаќа веќе само како брза храна. На фотографијата еден маж со сласт загризува во сендвич со ќофте од инсекти, чие „месо“ е произведено од ларви од еден вид бумбар.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gentsch
Подвижни сендвичарници
Ги имало уште во средниот век, а сега доживуваат ренесанса - хипермодерни подвижни киосци за брза храна на тркала. Во многу германски градови редовно, во одреден ден од неделата, се одржува уличен пазар, на кој се продаваат регионални и интернационални специјалитети од мобилни киосци.