1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Подготовки за налетот на ураганот „Ида“

ЖА
28 август 2021

„Ида“ како ураган од прва категорија стигна до Куба, но на патот кон САД се очекува да се засили.

Vorbereitungen vor Hurricane Ida
Фотографија: Max Becherer/The Times-Picayune/The New Orleans Advocat/AP/picture alliance

Американскиот национален центар за урагани издаде предупредување од животно опасни обилни врнежи од дожд, надоаѓање реки и буици и лизгање на земјиште за западниот дел од Куба, но и за Јамајка и Кајманските острови. Илјадници луѓе се евакуирани, во Хавана е прекинат и јавниот сообраќај. „Ида“ денеска веројатно ќе го помине Мексиканскиот Залив и утре ќе стигне до американската сојузна држава Луизијана. Прогнозите велат дека „Ида“ може да достигне ураганска сила од четврта до петта категорија. Доколку со ваква сила удри на американскиот брег, се очекуваат катастрофални последици.

„Ида" утре попладне ќе стигне и до Њу Орлеанс, 16 години откако градот беше погоден од  ураганот „Катрина“, кога загинаа повеќе од 1800 луѓе. Во сите области каде се очекува невремето, се врши делумна евакуација, во Њу Орлеанс се полнат и делат вреќи со песок за подигање бариери пред водата, а луѓето вршат и други подготовки – се снабдуваат со храна, гориво, ги обезбедуваат дополнително своите куќи.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми