1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаГрција

Фотографија на денот: Пожари и огромни горештини

18 јули 2022

Големи делови на јужна Европа со денови се „пржат“ на високи температури. Во повеќе земји беснеат пожари.

Portugal | Waldbrand in Eiriz
Фотографија: Melo Moreira/AFP/Getty Images

Во западниот дел на Франција е прогласен највисок степен на предупредување, Велика Британија прогласи состојба на катастрофа, а во Шпанија, Португалија и Грција и натаму беснеат безброј пожари. Огнот е раширен на илјадници хектари површина.

Во Шпанија топлотниот бран донесе температури над 40 сетепени, кои траат речиси една недела. Во Португалија, од каде доаѓа и оваа фотографија, температурите малку се намалија во текот на викендот, но и натаму има шумски пожари. Португалското Министерство за здравство соопшти дека во изминатите седум дена како последица на горештините починале 659 луѓе.

Противпожарната служќба во Грција во текот на викендот јави дека во земјата за само 24 часа избувнале над 70 пожари. Во јужна Франција е наредена евакуација на илјадници луѓе поради шумски пожари, додека во Велика Британија за денеска и утре во делови од земјата е прогласен аларм поради „ектстремна горештина“. Најавени се температури до 40 степени, со што би бил соборен досегашниот рекорд од 38,7 степени Целзиусови од 2019 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми