1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Фотографија на денот: Пожарот во Нотр Дам е под контрола

ЕМФ
16 април 2019

Големиот пожар во катедралата Нотр Дам е „целосно под контрола“ и „делумно изгаснат“, тврди противпожарната служба во Париз.

Frankreich Paris | Brand der Kathedrale Notre-Dame de Paris
Фотографија: Getty Images/AFP/Z. Abdelkafi

Сепак, сѐ уште има некои локализирани жаришта. Пожарот во катедралата, која е дел од Светското културно наследство на Унеско, изби вчеравечер од засега непознати причини. Пожарот ја уништи средишната кула и покривот. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека најлошото е спречено и дека се спасени фасадата и двете главни кули на Богородичната црква. Министерството за внатрешни работи на Франција оцени дека сѐ уште постои опасност од уривање на црквата и дека експерти и архитекти денеска ќе разговараат околу стабилноста на објектот и ќе се донесе одлука дали пожарникарите смеат да ја продолжат својата работа во внатрешноста на катедралата.

На #ФотографијаНаДенот - Нотр Дам изутринава.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми