Помрачување. Тотално!
3 јули 2019Реклама
Оваа #ФотографијаНаДенот е направена на небото над Кокимбо во северниот дел на Чиле, каде што природниот феномен можеше најдобро да се набљудува. Како што предвидоа метеоролозите, на небото немаше ниту едно облаче. Целосното затемнување на Сонцето настапи најнапред во близина на градот Ла Серена на чиеленскиот брег на Тихиот океан а потоа беше видлио во југоисточна насока речиси во цела Аргентина. Сенката на Месечината го целосно го прекриваше Сонцето нешто повеќе од две минути во кои среде ден владееше целосен мрак. Температурата во тие неколку минути се намали за три до четири Целзиусови степени.